Автомобилот ви заглавил во снег? Еве како да го решите тој проблем! (ВИДЕО)

Снегот и натаму паѓа, па овие совети ќе ви бидат од корист. Еве што е потребно да направите ако вашето возило „заглави“ во снег:

 

1. Не смеете до бесвест да ги вртите гумите во снег, бидејќи на тој начин можете уште повеќе да заглавите. Она што би требало да го направите е да ја ставите прва брзина и полека да се движите напред-назад додека не ја преминете снежната препрека поради која сте заглавени.

2. За време на зима би требало со себе во багаж да носите сол, а по потреба да ставите по гумите.

3. Средства за одмрзнување или миење стакло исто така можат да помогнат да го растопите снегот околу гумите.

4. Целиот снег и мраз од ауспухот задолжително исчистете го за да не влегуваат гасови во автомобилот. Исто така, во автомобилот на зима би требало да имате: рачен отстранувач на мраз, мала метла, батериска лампа, јаже, сол, ланци за гуми, вода и кибрит.

Loading...

JT Fixed Display