А ЈА ИМА СЕКОЈА КОЛА: Знаете ли ШТО покажува стрелката покрај ознаката за гориво на инструмент таблата?

Можно е никогаш да не сте ја забележале иако ја има на речиси сите инструмент табли на колите во светот. И да знаете за неа, тешко дека некогаш сте се запрашале за што служи малата стрелка на делот кој не информира за количината на гориво во резервоарот.

 

Може да биде на левата или на десната страна од симболот во облик на апарат за точење гориво. Токму таа положба ја оправдува целта на постоењето на оваа стрелка.

Таа покажува на која страна во колата се наоѓа поклопот од резевоарот од каде точите гориво во автомобилот.

Делува дека функцијата е поприлично бесмислена (кој не го знае толку својот автомобил, па да не знае од која страна се полни гориво?), меѓутоа во некои случаи знае да биде многу корисна. На пример, ако изнајмувате автомобил или возите нечија кола...

спонзориран линк:
Loading...