АМЕРИКАНСКА РЕЦЕНЗИЈА: Зошто „југото“ е еден од најлошите автомобили некогаш произведен!

За време на осумдесетите години „Југо“ од крагуевачка Застава се извезуваше во САД каде е прогласен за најевтин автомобил. Еден од најпопуларните автомобили во бивша Југославија се наоѓа и на листата најлоши автомобили некогаш произведени.

 

Американскиот новинар Даг ДеМуро е еден од оние кои сметаат дека „југото“ е еден од најлошите автомобили, па во декември на својот Јутјуб канал објави и видео-рецензија за овој, некогаш популарен југословенски автомобил.

ДеМуро имал низа критики на сметка на автомобилот, па во рецензијата ја истакнал неговата лоша изработка во внатрешноста, малата брзина, нефункционалните работи, но, за изненадување, истакнал дека „југото“ многу лесно пали.

Погледнете ја рецензијата:

спонзориран линк:
Loading...