Возете ИСТО, трошете ПОМАЛКУ: Неколку трикови како да заштедите гориво!

Ако се придржувате на одредени правила во возењето можете да заштедите многу гориво, а притоа да поминете исто километри.



Внимавајте на притисокот во гумите

Притисокот во гумите е многу важен, па затоа редовно проверувајте го и држете се до пропишаното. Гумите со пренизок притисок предизвикуваат поголема потрошувачка бидејќи имаат поголем отпор.

Редовно менувајте ги потрошните делови

Редовно менувајте ги потрошните делови во автомобилот. Редовно менувајте масло во моторот. Валкани свеќици, запушени филтри и слични делови ја зголемуваат потрошувачката на гориво.

Гаснете го моторот

Ако некаде застанувате подолго од минута, гаснете го моторот.

Намалете го греењето/ладењето во автомобилот

Ако се возите на кратки релации, не вклучувајте греење во автомобилот. Додека загрее, вие ќе бидете на одредиштето. На долги релации греењето држете го на пониски температури. Греењето со клима може да ја зголеми потрошувачката за околу 3 отсто. Истото важи и за ладењето.

Лошите гуми трошат повеќе гориво

Изберете квалитетни гуми. Иако се поскапи, долгорочно се исплаќа, бидејќи гумите имаат влијание на движењето на автомобилот.

Отстранете го носачот од кровот

Така возилото ќе биде повеќе аеродинамично и ќе троши помалку гориво.

Затворете ги прозорите

Отворените прозори на брзина поголема од 50 км/ч создаваат отпор и ја зголемуваат потрошувачката.

Не го полнете резервоарот до врв

Ако автомобилот е полесен, ќе троши помалку гориво бидејќи ќе му биде потребна помалку енергија за движење.

Забрзувањето троши и до 20 отсто повеќе

Возете мирно и со што помалку кочење и забрзување.

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display