Легендарното „Фиќо“ се враќа во нов дизајн!

Шпанскиот производител на автомобили Seat на саемот за автомобили во Барселона ќе го претстави моделот 600 BMS, модерна верзија на легендарното „Фиќо“, кое овој месец слави 60 години од претставувањето.

 

Seat 600 беше првиот шпански народен автомобил, лиценцирана копија на Fiat 600, истиот автомобил на чија основа настанал југословенскиот народен автомобил „Фиќо“.

Со оглед на тоа што Seat 600 и Zastava 750, односно „Фиќо“ биле речиси идентични автомобили, Seat со овој потег на некој начин ги буди спомените на најпопуларниот автомобил од нашите краишта.

Од 1957 до 1973 произведени се вкупно 797.319 Seat 600 автомобили.

Минијатурниот автомобил со место за четворица патници и со две врати беше долг само 332 сантиметри и тежеше 580 кг. За погонот беше задолжен мотор од 633 сантиметри кубни со 19 коњски сили, додека поновите верзии добиле помоќен мотор од 767 сантиметри кубни и 22 коњски сили.

Zastava 750, односно „Фиќо“, беше најнапреден и подолговечен модел од Seat 600. Се појави две години претходно, 1955 година, а на пазарот се задржа 30 години.

Loading...