ОВА е новата ЛУКСУЗНА ЛАДА НИВА: Еве како изгледа! (ФОТО)

Руски Автоваз, произведувач на Лада, својот легендарен теренец Нива за 40-годишнината од излегувањето на пазарот понуди две посебни изданија во ограничени серии.

 

Лада Нива дефинитивно не е теренец кој го поврзувате со луксуз, нејзината главна цел е едноставност и стабилност во сите услови за возење. Нејзиниот базен облик е идентичен веќе 40 години, по што е споредлива со автомобилите за слични намени како Mercedes-Benz G или Land Rover Defender. Впрочем G класата низ својот животен век еволуираше во многу помоќна од Лада Нива, а Defender веќе не е во производство, а се очекува нова генерација.

Со цел достојно да ја одбележи 40-годишнината, Русите ја издале новата Лада Нива во две посебни серии кои се луксузни!

Едната се вика „Edition“, додека другата „40th Anniversary“. Двете ќе бидат произведени во 1977 примероци. Новите модели се достапни со посебно уреден ентериер, еко кожа и додатоци од челик, а ќе ги има во повеќе бои. Продажбата на овие модели се очекува во јуни годинава.

Loading...