Само малкумина ја погледнуваат ОВАА МНОГУ ВАЖНА ознака кога купуваат гуми за автомобил!

Колкава е дозволената старост на автомобилските гуми кога ги купувате? Ова е едно од најчестите прашања кои се поставуваат при купување гуми. Одговорот на ова прашање е еднакво интересен и за купувачите и за продавачите. Купувачите сакаат квалитетен производ, а продавачите имаат големи проблеми да објаснат дека гумите не се расиплива роба и дека остануваат „свежи“ иако со години стојат на полиците.

 

Староста на гумите во моментот на купувањето никаде не е законски регулирана, бидејќи состојбата во која се наоѓаат гумите зависи од правилното складирање. Затоа се пропишуваат само услови за складирање и краен рок по кој гумите не смеат да се продаваат.

Британското здружение на произведувачи на производи од гуми The British Rubber Manufacturers Association (BRMA) на своите членови им препорачува: гумите кои не се користени не би требало да се ставаат во употреба ако се постари од 6 години, како и сите гуми кои се постари од 10 години од датумот на производство би требало да се заменат.

Здружението на јапонски произведувачи на авто гуми (Japan Automobile Tire Manufacturers Association – JATMA) им препорачува на купувачите редовно да ги контролираат гумите по 5 години за да се утврди дали и натаму може да се користат, а сите гуми, вклучувајќи ги и резервните, кои се произведени пред повеќе од 10 години би требало да се заменат со нови.

Гумите се нови ако се стари до 5 години, тврдат во Сојузот на германската индустрија за гума. По истекот на рокот од 5 години, можат и натаму да се продаваат, но пред продажбата мора да бидат прегледани од експерти.

Она што им е заедничко на сите е важноста на условите во кои се чуваат гумите. Прописното складирање на гумите вклучува дека тие не смеат да бидат изложени на сончеви зраци, високи температури, големи осцилации на температурата, влажност, агресивни хемикалии, масла, озон...

Во случајот со оваа фотографија, се забележува дека DOT 3507, значи дека гумата е произведена во 35-та недела од 2007 година.

Во случај да не можете да ја најдете ознаката DOT на автомобилската гума која сакате да ја купите, ви препорачуваме да не ја купувате, бидејќи постои можност ознаката да е намерно отстранета поради староста.

Loading...