Ауди ги повлекува автомобилите со дизел гориво!

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ денеска објави дека ќе повлече околу 850.000 возила со дизел-мотори за да придонесе кон намалување на емисијата на штетни гасови.

 

Ова доброволно повлекување автомобили се однесува на возилата со Евро 5 и Еуро 6-мотори во Европа, но и во други земји, освен во САД и Канада.

Овој потег на „Ауди“ доаѓа неколку дена откако конкурентот „Дајмлер“ изнесе слична објава.

Меѓу повлечените возила со овој вид дизел-мотори се и „фолксваген“ и „порше“.

 

Loading...