Погледнете како изгледа комбе за надзор на ФБИ од 1989 година (ВИДЕО)

Комбе на ФБИ за надзор кое било во служба 1989 година пред неколку дена е продадено на аукција на eBay за околу 19.000 долари.

 

Комбето на ФБИ на оваа онлајн аукција излегло во многу добра состојба, а поминало близу 38.000 километри.

Комбето поседува тоалет, а во него може да се најде комплетна опрема со видеорекордери, радар, звучници, интерфон, ЛЦД екрани, како и генератор - сè што е потребно за надзор.

Вратите имаат дупли брави, а агентите оставиле и некои свои записи.

- Во светлата и на браниците поставени се мали камери, соопштено е од музејот Alcatraz East Crime Museum кој е новиот сопственик на комбето на ФБИ.

А сега ѕирнете во комбето на агентите на ФБИ:

Loading...