Џејми Оливер ќе затвори неколку од своите ресторани поради Брегзит

Поради одлуката на Велика Британија да се повлече од ЕУ, по што поскапеа состојките за подготвување на италијански јадења, познатиот британски готвач Џејми Оливер најави дека ќе затвори повеќе ресторани од ланецот Jamie’s Italian во Велика Британија.



Ќе бидат затворени шест ресторани, помеѓу останатите во Абердин во Шкотска и во Лондон, во близина на катедралата Свети Павле.

„Секој сопственик на ресторан знае дека состојбата на пазарот е тешка и дека притисоците и неизвесноста по одлуката за Брегзит додатно ја отежнуваат ситуацијата“, објаснува во соопштението директорот на Jamie’s Italian, Сајмон Благдин.

Затворањето ќе загрози 120 работни места, што е помалку од 5 отсто од вработените во тој ланец, наведе Благдин.

Како причина за затворање на дел од рестораните, освен поскапувањето на состојките, се наведува и трошоците за обука на вработените и намалената посетеност.

Од одлуката Велика Вританија да ја напушти ЕУ, на референдумот на 23 јуни, британската фунта значително изгуби вредност во однос на еврото, што доведе до пораст на цените на увезените производи.

Jamie’s Italian ќе продолжи да се развива во странство. Во соработка со партнерите постои план за отварање на нови 22 ресторани.

Џејми Оливер сега има 42 италијански ресторани од ланецот Jamie’s Italian во Велика Британија, а неговото име го носат и 36 ресторани во странство./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)