Волстрит: S&P 500 и Dow Jones во пад, Nasdaq со раст

На Волстрит во понеделникот S&P 500 и Dow Jones забележаа пад, што главно се должи на падот на цените на акциите во енергетскиот и финансискиот сектор, додека Nasdaq инексот достигна ново рекордно високо ниво.


Dow Jones ослабе за 0,38 отсто, на 19.887 бодови, додека S&P 500 склизна за 0,35 отсто, на 2.268 бодови. Nasdaq индексот пак забележа раст од 0,19 отсто, на рекордни 5.531 бодови.

Откако во петокот го достигна највисокото рекорно ниво, S&P 500 вчера забележа пад, што се должи на падот на цените на акциите во 8 од 11 најважни сектори на тој индекс.

Притоа најмногу за 1,5 отсто паднаа цените на акциите во енергетскиот сектор, како резултат на падот на цената на нафтата, бидејќи инвеститорите се загрижени за растот на производството на “црното злато” во Ирак и во САД.

Според аналитичарите ова може да го намали влијанието на неодамнешниот договор за намалување на производството на ОПЕК.

Значително за 0,8 отсто, вчера ослабе и финансискиот сектор, откако на 8 ноември, кога Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, се зголеми за 18 отсто, благодарение на ветувањето на Трамп за олабавената регулатива во тој секторот.

Освен тоа, и другите ветувања на Трамп, дека ќе ги намали даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и инвестициите во инфраструктурата, веќе два месеци го поттикнуваат растот на пазарот, бидејќи ако се спроведат овие ветувања, тие би придонеле до забрзан раст на економијата.

Но главното прашање според аналитичарите е дали овие планови на Трамп ќе добијат зелено светло на Конгресот.

Покрај тоа, инвеститорите се претпазливи бидејќи почнува сезоната на објавувањето на кварталните резултати од работењето на компаниите, што би можело да се покаже дека ситуацијата во корпоративна Америка се подобрува.

И додека повеќето од секторите забележаа пад, во здраствениот сектор цените на акциите вчера забележаа пораст, а тоа е и главната причина за растот на Nasdaq индексот на највисокото ниво во историјата.

На повеќето европски берзи цените на акциите вчера забележаа пад. Единствено лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,38 отсто, на рекордни 7.237 бодови, но франкфутрскиот DAX забележа пад од 0,30 отсто, на 11.563 бодови, a парискиот CAC 0,45 отсто, на 4.887 бодови./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)