McDonalds си заминува од Кина, франшизата ја продава за 2,1 милијарди долари

Американскиот синџир за брза храна McDonalds за 2,08 милијарди долари ќе го продаде контролниот удел од својата работа во Кина и Хонг Конг на конзорциумот кој го сочинуваат кинеската државна компанија Citic и американскиот инвестициски фонд Carlyle group, беше објавено денес.



Конзорциумот ќе купи 80 отсто од акциите, додека McDonalds ќе задржат петтина од сопственоста, со план дека со новите партнери ќе отворат повеќе од 1.500 ресторани во следните пет години во помали кинески градови.

спонзориран линк:

(adverts)