Volkswagen ќе ја признае вината и ќе плати отштета од 4.3 млрд. долари

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen во вторникот потврди дека е постигнат договор во вредност од 4,3 милијарди долари со американските регулатори за решавање на проблемот со прекумерна емисија на издувни гасови од дизел моторите, а компанијата планира да се изјасни како виновна за кривично дело.


Од Volkswagen велат дека трошоците одредени за решавање на овој проблем ги надминуваат предвидените речиси 18,2 милијарди евра, односно 19,2 милијарди долари. Тие истакнуваат дека во текот на следните три години ќе бидат предмет на надворешна контрола.

Се очекува Volkswagen да се изјасни за виновен како дел од спогодбата најрано во среда. Спогодбата за признавање на вината ќе треба да добие одобрение од американскиот сојузен суд.

Volkswagen во септември 2015 година, призна дека во своите автомобили вградил софтвер кој во текот на еко-тестирањата на возила покажувал лажно ниво на штетни гасови. Компанијата во САД продала речиси половина милион автомобили кои ги имаат спорните дизел мотори. Подоцна Volkswagen призна дека тоа е случај и со 11 милиони возила ширум светот.

Извршниот директор на Volkswagen Оливер Шмит, во понеделникот беше обвинет за подготвување на заговор за да ги измами САД, а производителот да ја сокрие измама.
Во договор со Министерството за правда нема да заврши истрагата околу мамењето со резултатите за емисијата на издувни гасови и постои можност за зголемување на казнени пријави за група на директори на таа компанија.

На Volkswagen му претстојат уште две години за откупување и поправање на американските дизел автомобили со софтвер.

Компанијата веќе се согласи да плати околу 17,5 милијарди долари, со што би ги решила граѓанските тужби и понуди да откупи 500.000 автомобили со спорниот софтвер./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)