Yahoo заминува во историјата

Интернет гигантот Yahoo и официјално ќе престане да постои. Новото име на компанијата ќе биде Altaba, а досегашната извршна директорка Мариса Мајер поднесе оставка. Одлуката дека Yahoo заминува во историјата е потврдена во извештајот кој компанијата го испратила до американските регулатори.


Во извештајот се наведуваат точните планови за начинот на кој Verizon ќе го преземе Yahoo. За потсетување, Yahoo е продаден за 4,8 милијарди долари. Кога ќе биде завршен целиот процес на преземање, односно кога ќе биде предаден имејлот, веб страниците, мобилните апликации и рекламните алатки, компанијата ќе добие ново име, Altaba.

Новото име претставува одраз на трансформацијата на Yahoo во холдинг компанија за вложувања на кинескиот лидер во електронската трговија Alibaba и компанијата Yahoo Japan, кои заедно вредат повеќе од 40 милијарди долари.

Исто така се наведува дека досегашната шефица на Yahoo, Мариса Мајер, ќе ја напушти својата функција. Покрај Мариса компанијата ќе ја напуштат уште неколкумина долгогодишни директори, коосновачот на Yahoo, Дејвид Фило и уште четворица други директори кои имаат функции во Управниот одбор./извор:Макфакс

Loading...