Alibaba го презема кинескиот синџир стоковни куќи за 2,6 млрд долари

Кинескиот гигант за електронска трговија Alibaba ќе го превземе домашниот синџир на стоковни куќи Intime за 2,6 милијарди долари, како дел од планот за приватизација на трговското друштво. Alibaba со оваа инвестиција продолжува со ширење на бизнисот на физички објекти, кои основачот Џек Ма сака да го соедини со онлајн платформа.



Alibaba и основачот на Intime Чен Хијадонг заеднички понудиле цена од 10 хонгконшки долари, односно 1,29 американски долари по акција за купување на сопственичкиот дел кој сеуште не го поседуваат во тој трговски синџир, кој котира на берзата во Хонг Конг.

Понудената цена претставува премија од 54 отсто во однос на двомесечнината просечна цена на Intimea, пред суспендирањето на нивните акции од тргување во декември.

Со овој договор делот на Alibaba во синџирот на стоковни куќи ќе се зголеми од 28 отсто на 74 отсто, откако во 2014 година инвестираше 692 милиони долари во таа компанијата.
Веста за овој договор го потикна растот на акциите на Intimea за огромни 35 отсто, на 9,49 хонгкошки долари.

Се проценува дека максималниот износ на пари кој е потребен за спроведување на овој договор изнаесува 19,8 милијарди хонгкошки долари или 2,6 милијарди долари, се вели во соопштението.

Alibaba ќе со оваа аквизиција ќе продолжи со проширувањето на физички продавници за продажба, кои основачот Џек Ма планира да ги соедини со онлајн платформата на компанијата и логистичката мрежа.

Овој потег доаѓа откако Ма, најбогатиот човек во Кина, вчера се сретна со новоизбраниот американски преседател Доналд Трамп во Њујорк за да разговараат за тоа како Alibaba може да отвори еден милион работни места во САД со што ќе им овозможи на малите компании да ја продаваат робата во Кина и Азија./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...