ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ - Скок на платите во Македонија!

Приоритет на новата Влада ќе биде покачување на платите, пред се на минималната плата.

 

„Тоа ќе го направиме за да можете вие, вредните работници, да имате нормален живот и достоинствено вреднување на вашиот труд. Новата Влада ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари и што е најважно тоа зголемување ќе важи за сите подеднакво, вклучително и за работниците од индустријата за текстил, облека и кожа. Секој кој работи во оваа индустрија ќе добие зголемување на платата од 2.400 денари. Овие пари, вие работниците повторно ќе ги трошите за најпотребните работи во домаќинството и тоа ќе значи придвижување на економијата“, велат од СДСМ.

Тие објаснуваат дека и работодавачите од оваа индустрија ќе бидат финансиски поддржани од новата Влада, за да може да го исплаќаат зголемувањето на минималната плата, со што ќе се осигураат работните места на луѓето.

СДСМ најави дека новата Влада ќе работи заедно со работниците и работотдавачите на условите за зголемување на платите, заштита од државата на работничките права и подобрување на условите за работа, бидејки целта на новата Влада е квалитетен живот за сите.

 

Loading...