Цените на нафтата паднаа под 52 долара

Цените на нафтата паднаа во четврток на меѓународните берзи под нивото од 52 долара под влијание на информациите дека пазарот е обилно снабден со сурова нафта и покрај обидите на ОПЕК и другите големи производители да го ограничат производството.

 

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше во минус 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,61 долар. На американскиот пазар цената беше во минус 55 центи и изнесуваше 48,52 долара.

Пазарот во среда беше поткрепен со информацијата за падот ан американските резерви на сурова нафта минатата недела за 1,8 милиони барели, шт9о сепак е помал од она што го очекуваа аналитичарите.

Одвоено, ОПЕК денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во среда изнесувала 49,43 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот ден од тргувањето.(Макфакс)

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display