,,Капитал банка“ АД Скопје издава прва корпоративна обврзница

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 119. седница на ,,Капитал банка“ АД Скопје ѝ даде одобрение да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи. Станува збор за прва емисија на 1000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива.

 

Емисијата на обврзници на ,,Капитал банка“ АД Скопје се врши заради зголемување на капиталот и сопствените средства на друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услуги кои се нудат, како и за инвестиции во ИТ решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн услуги на банката. Купувачи на обврзниците од првата емисија се: Алфа банка ЕАД ,Софија, Бугарија, која ќе откупи 90 проценти од понудените обврзници, како и двата инвестициски фонда, КБ Публикум-балансиран и КБ Публикум- обврзници од Скопје, со по 5 проценти, соопшти Комисијата за хартии од вредност./извор:Макфакс

Loading...