УЈП ПРЕДМАЛКУ ИЗЛЕЗЕ СО ЛИСТА НА ИМИЊА И ФИРМИ - Еве кој колку должи данок!

Над 4.539 фирми и граѓани должат милиони евра за неплатен данок, покажува најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП).

 

Меѓу оние што не платиле данок со највисоки суми се државните јавни претпријатија. На листата се и приватни фирми, загубарите и компании во стечај.

Јавното претпријатие за заштита и одржување на регионалните и магистралните патишта по основ на неплатен данок на државата ѝ должи околу 7,5 милиони евра за данок на додадена вредност и данок на добивка.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.8/2017 за долгови доспеани до 31.04.2017 и неплатени до 31.07.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

 Превземи го документот (1 MB)

Loading...