Кој ќе ги наследи милионите на Џорџ Мајкл

Откако Џорџ Мајкл ненадејно почина во неделата, светските медиуми веќе почнаа да шпекилираат кој ќе го наследи неговото огромно богатство.



Според британскиот весник Daily Mirror, најголемиот дел од имотот на славниот пејач, кој се проценува на околу 100 милиони фунти, ќе им припадне на децата на блиски пријатели, на кои Мајкл им бил кум.

Пејачот беше кум на Роман и Харли Мун Кемп, деца на Мартин Кемп, поранешен басист на бендот Spandau Ballet. Се очекува дел од парите да ги наследи и Блубел, ќерка на поранешната членка на Spicegirls, Џери Халивел, која е кумашинка на поранешниот дечко на Мајкл, Кени Гос.

Се претпоставува дека во тестаментот како наследници ќе бидат именувани и постарите сестри на Мајкл, Мелани и Јиода, неговиот дечко Фади Фаваз, како и двете деца на неговиот роднина Андрос, на кои им беше кум.

Пејачот долги години соработуваше со бројни хуманитарни организации кои исто така би можеле да добијат дел од неговото богатство.

Мајкл поседуваше најмалку четири имоти – куќа во Оксфордшир каде што почина, вила во Лондон и раскошна куќа во Њујорк и Сиднеј./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...