Почина популарната актерка, ден по смртта на нејзината ќерка

Познатата холивудска актерка Деби Рејнолдс, почина во среда на 84 годишна возраст, само еден ден по смртта на својата ќерка Кери Фишер, познатата принцеза Леа од „Војна на ѕвездите“.


Најпозната по улогата во мјузиклот „Singing In The Rain“, Деби Рејнолдс беше хоспитализирана неколку часа претходно во болницата во Лос Анџелес заради мозочен удар.

„Сакаше да биде со Кери“, рече нејзиниот син Тод Фишер за магазинот Variety.

Токму во домот на Тод Фишер на Беверли Хилс беше повикана итната помош, објавија службени извори.

Рејнолдс глумеше со машките ѕвезди како Џин кели, Френк Синатра, Тони Кертис и Фред Астер.

Беше номинирана за Оскар за најдобра актерка во 1964 година за мјузиклот The Unsinkable Molly Brown“./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...