Ролинг Стоунс од есен на европска турнеја на отворено

Групата Ролинг Стоунс соопшти дека на есен ќе тргне на европска турнеја на отворено.

 

Турнејата „Стоунси без филтер“(Stones-No Filter) засега опфаќа 13 концерти во 12 градови во девет европски земји.

Освен најголемите хитови, легендарната група ќе ги свири и песните од неодамна објавениот 23 студиски албум “Blue & Lonesome”, нивни обработки на блуз стандардите.

Турнејата започнува во Хамбург на 9 септември, продолжува во Австрија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Холандија, Данска, Шведска и завршува на 22 октомври во Франција./извор:Макфакс

фото: официјална facebook страница на Ролинг Стоунс

Loading...

JT Fixed Display