Обид за кражба во зграда на популарниот американски рапер 50 Сент

Обид за кражба во зграда на популарниот американски рапер 50 Сент беше извршен во вторникот во Фармингтон, сојузната држава Конектикат. Уапсен е 34-годишниот Елвин Џојс.

 

Тој е обвинет за кражба од втор степен, кој со незаконски упад на територијата на приватна сопственост, предизвикал штета и кражба на одредени предмети, соопштуваат од полицијата.

При навлегувањето во домот се активирал безбедносниот систем. Обезбедувањето не се вмешало, но повикало полицијата. Сторителот бил уапсен на самото место.

Тој во неколку наврати го прекршувал законот и има неколку пресуди .За време на инцидентот 50 Сент не бил во домот. Раперот го купил овој имот од познатиот боксер Мајк Тајсон за околу 4 милиони долари во 2003 година. Имотот сега е објавен за продажба и тоа за 6 милиони долари.

Loading...