Јана Бурчевска вечерва ја претставува Македонија на Евровизија

Македонската претставничка на овогодинешниот Евросонг, Јана Бурчевска вечерва ќе настапи на втората полуфинална вечер.

 

Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта,Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија,Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири комисии од земјите учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина.

Годинава, Македонската радио телевизија за членови на националното стручно жири ги делегира Александар Масевски, Силвана Мучиќ Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска.

Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија.

Директниот пренос од втората полуфинална вечер почнува од 21 часот на Македонската Радио-телевизија./извор:Макфакс

фото: официјална facebook страница на Eurovision Song Contest

Loading...

JT Fixed Display