Ново изненадување: Бурческа запросена на сред Евровизија (ВИДЕО)

Иако нејзиниот приватен живот се чува во тајност, Јана Бурческа, јавно пред цел аудиториум му кажа „да“ на нејзиното досегашно момче, гитаристот Александар Филиповски.

 

Водителите искоментираа дека ова е прв пат по 62 изданија на Евровизија, да има запросување на за време на фестивалот. Никој, па дури ни Бурческа не очекуваше ваков чекор од страна на Филиповски.

Јана и Алексадар се во врска веќе две години, а очекуваат и дете, информација која се дозна пред евровизискиот настап на Бурческа.

Loading...

JT Fixed Display