Вечерва финале на Евровизија

Вечерва е големото финале за избор на песна за Еровизија на кое ќе учествуваат 26 земји кандидатки, а кое се одржува во Киев, Украина.

 

Од сите земји од поранешна Југославија, ќе настапи само Хрватот Жак Худек, кој обезбеди пласман. По првото полуфинале во кое зелено светло добија Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија, кон списокот се приклучија и претставниците на Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.

Вечерта ќе ја отвори Израел, по што следуваат Полска, Белорусија, Австрија, Ерменија, Холандија, Молдавија, Унгарија, Италија, Данска, Португалија, Азербејџан, Хрватска, Австралија, Грција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Кипар, Романија, Германија, Украина, Белгија, Шведска, Бугарија и Франција.

Според обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италијанецот Франческо Габани. Италија досега учествувала на 42 натпревари, а само два пати круната ја донела дома. Шанси има и Салвадор Собрал, претставникот на Португалија, кој ќе се обиде на својата земја да и ја донесе првата победа во историјата на Евровизија, а во игра е и Робин Бендтсон, претставникот на Шведска – која има победено шест пати.(Макфакс)

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display