Бурческа се пласирала на 15. место – Најмногу бодови од Бугарија

Иако „Dance Alone“ беше еден од фаворитите во светски рамки, кога во прашање беше Евровизија, сепак нашата претставничка Јана Бурческа не ја помина полуфиналната вечер. Но, Бурческа беше топ тема низ светските медиуми, каде се пишуваше за нејзината бременост и запросување.

 

Таа сеуште е топ тема кај македонската твитер заедница. Одговорот на тоа, зошто нашата претставничка не се пласирала во финалето, го даде еворивизискиот веб сајт. Имено, таа добила 69 поени, а истите ја пласирале на 15. позиција.

Јана Бурческа добила 40 поени преку гласањето на публиката од другите држави и 29 поени од стручното жири.

Највисоки поени (12), „Dance Alone“ добила од Бугарија, а потоа следи Србија која доделила 10 поени, за на третото место од редот на високи поени доделени за Македонија да се најде Хрватска со 6. По нив, следуваат 5 поени од Израел, 4 од Сан Марино и 3 од Швајцарија. Стручните жирија од Малта и Франција за Бурческа и нејзната изведба доделиле по 8 поени, од Србија 5, Украина и Норвешка по 3 и Унгарија 2 поени./извор:Макфакс

Loading...