Синовите на принцезата Дијана се потсетија на последниот телефонски разговор со неа

Британските принцови Хари и Вилијам во интервју по повод документарецот за принцезата Дијана, на телевизијата Ај-Ти-Ви, се потсетија на последниот телефонски разговор што го воделе со својата мајка, принцезата Дијана, пред нејзината смрт, нагласувајќи дека ги прогонува тоа што разговорот траел кратко и дека би разговарале подолго кога би знаеле што ќе се случело со неа.

 

„Хари и јас очајнички брзавме да кажеме “чао, ќе се слушнеме подоцна“… Да знаев што ќе се случи, немаше да бидам толку рамнодушен во врска со тоа, ниту со било што друго. Но тој повик, ми е врежен во сеќавањето, длабоко“ рече Вилијам, зборувајќи за новиот документарец посветен на принцезата Дијана и 20-годишнината од нејзината смрт, пренесува АП./извор:Макфакс

Loading...