В година Евровизија ќе се одржи во Лисабон

Организаторот и португалската државна телевизија РТП објавија дека Евровизија в година ќе се одржи во Лисабон.

 

Финалната вечер ќе биде одржана во арената „Мео“ на 12 мај, а претходно на 8 и 10 мај ќе бидат одржани полуфиналните вечери.

Португалија стекна право да ја организира Евровизија со победата на Салвадор Собрал на годинашниот натпревар во Киев, Украина. Собрал победи со песната Amar Pelos Dois („Љубов за двајцата“). н.ц./Макфакс

Loading...