Братот на принцезата Дијана: Бев излажан дека принцовите сакаат да одат покрај ковчегот на мајка им

Братот на принцезата Дијана, ерл Спенсер, изјави дека бил излажан дека принцовите Вилијам и Хари сами сакале да одат во поворката зад ковчегот на нивната почината мајка. Според него, тоа било бизарна и сурова работа за младите принцови, како и тоа дека погребната поворка била најтешкиот половина час во неговиот живот. Тој во изјава за радиото „4“ рекол: „Бев излажан и реков дека тие самите сакаа да го направат тоа, што секако не беше точно“. Тој зборуваше по повод 20-годишнината од смртта на својата сестра, на 31 август.

 

„Тоа беше најлошиот дел од денот со значителна разлика, одејќи зад телото на мојата сестра со две момчиња кои очигледно мачно тагуваа за нивната мајка. Тоа беа бизарни моменти, при што ни беше кажано дека треба да гледаме само напред. Навистина беше ужасно и сѐ уште имам кошмари“./извор:Макфакс

фото: Wikipedia

Loading...