ГОЛЕМА ТАГА - Почина познатата актерка

Големата француска филмска актерка Жана Моро, почина во 89-та година од животот, пренесуваат француските медиуми.

 

Кариерата ја почна во 1946 година во „Комеди франсез“, со која дебитираше во 1947 година на фестивалот во Авињон. Со филмот почнува во 1951 година. Се прослави во улогите во филмовите од францускиот нов бран, по втората светска војна.

Со улогата во филмот на францускиот режисер Луи Мал во филмот „Љубовници“ сврете големо внимание на филмската публика.

Играше во „Опасни врски“, “Модерато кантабиле“, „Процес“, „Дневникот на една собарка“ и многу други значајни кинематографски остварувања./извор:Макфакс

Loading...