Ентони Хопкинс, заштитно лице на култниот бренд „Бриони“

Холивудскиот актер Ентони Хопкинс е заштитно лице на култниот бренд „Бриони“. Модната фела го поздрави изборот на заштитно лице на новата креативна директорка, а воедно и прва жена на чело на брендот, Нина-Марија Ниче.

Фотографиите за есен-зима кампањата ги направи фотографот Џорџ Харис. Инаку, последнава година беше турболентна во „Бриони“, со оглед на тоа што Џастин О’Ши по само шест месеци ја напушти функцијата креативен директор, па брендот помина еден период во потрага по нов директор. Пред Ентони Хопкинс, заштитни лица на последната кампања на „Бриони“ беа членовите на Металика./извор:Макфакс

фото: официјална facebook страница на Ентони Хопкинс

Loading...