Џоли ги отфрли обвинувањата за суровост кон децата од Камбоџа

Анџелина Џоли демантира дека се поигрувала со децата од Камбоџа за време на снимањето на својот филм. Џоли се најде на удар на жестоки критики и беше обвинета за суровост кога обелодени како ги избирала децата за улоги во својот филм за злосторствата на режимот на Црвените Кмери во Камбоџа.

 

Во интервју за магазинот „Венити фер“, Џоли вели дека главната улога сакала да му ја додели на дете што имало тежок живот, па поради тоа при изборот на децата актери посетувала сиропиталишта, циркузи и училишта во сиромашните реони.

Натаму таа раскажува дека избраните деца морало да полагаат тест, во кој добивале пари и задача да кажат на што би ги потрошиле, по што парите веднаш им биле одземани.

Анџелина се потсетува и на однесувањето на Среј Моч, девојчето што е избрано за главната улога.

– Среј Моч беше единственото дете што долго време гледаше во парите. Кога требаше да ги врати, ја преплавија емоции. Кога ја прашаа за што ѝ требаат парите, таа рече дека починал дедо ѝ и дека немале доволно пари за пристоен погреб – раскажа Џоли.

Ваквите изјави наидоа на жестоки критики на корисниците на социјалните мрежи, кои бесно реагираа на интервјуто обвинувајќи ја Џоли за суровост, а нејзиниот кастинг го оценија како шокантен и ненормален./извор:Макфакс

Loading...