ЖАЛНА ВЕСТ: Почина славниот актер и режисер!

Сем Шепард, познат американски актер, сценарист и режисер почина денеска во својот дом во Кентаки, во 73 година од животот.

 

Причина за смртта е компликации на амиотрофичната латерална склероза или болеста на Лу Гериг.

Човекот кој напишал преку 40 претстави и освоил Пулицерова награда за драмата „Buried Child“ од 1979 година, со што оставил трага во целиот свет, почина опкружен со своето семејство, пренесоа медиумите.

Шепард бил номиниран за Оскар 1983 година, за улогата Chuck Yeager во филмот „The Right Stuff“, како и за BAFTA наградата поради соработка на пишувањето на сценариото за филмот „Paris, Texas“ од 1984 година.

Првата улога ја остварил глумејќи во филмот „Terrence Malik's Days of Heaven“, уште 1978 година, и тогаш соработувал со Ричард Гир, додека последниве години се појавувал на трилерот „Bloodline“.

Loading...