Џорџ Клуни ќе донира 2,25 милиона долари за отворање седум училишта во Либан

Холивудскиот актер Џорџ Клуни ќе донира 2,25 милиона долари за отворање седум училишта за три илјади сириски деца бегалци во Либан, јавува „Гардијан“.

 

„Фондацијата не сака да се дозволи илјадници млади луѓе да останат загубена генерација. Тие се жртви на географијата и состојбите, но тоа не значи дека нема надеж. Со оваа иницијатива имаме цел помош и обезбедување образование за сириските деца бегалци и од нив да произлезат идните лидери кои на нивната генерација очајно ѝ требаат“, соопштија актерот и неговата сопруга Амал Клуни.

Освен „Клуни фондацијата за правда“, во проектот учествуваат и „Гугл“„ и „Хјулит-Пакард“./извор:Макфакс

Loading...