ВИДЕО: „Despacito“ со три милијарди прегледи ги собори СИТЕ РЕКОРДИ!

Латино хитот „Despacito“ на најпопуларниот музички сервис Јутјуб го престигна досегашниот рекордер по број на прегледи - спотот за песната „See You Again“ на Wiz Khalifa и Charlie Puth.

 

Како што објави Билборд, летниот хит на порториканските музичари Luis Fonsi и Daddy Yankee објавен во јуни веќе има повеќе од три милијарди прегледи, со што ја престигна популарноста на досегашниот владетел на листата, песната од филмот „Furious 7“ која има 2,996 милијарди прегледи.

Покрај ова, „Despacito“ е и видео со најмногу лајкови на Јутјуб.

Потсетуваме, претходната смена на листата се случи во јули кога песната „See You Again“ ја престигна „Gangnam Style“ на корејскиот рапер Psy.

Loading...