Бренда од „Беверли Хилс“ го победи ракот

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ била на фризер првпат откако го победи ракот. Шанен Доерти (46) на Инстаграм објави фотка со својот фризер на кого му се заблагодари за фризурата.

 

- Две години бев ќелава. Убаво е повторно да се чувствувате женствено, напишала таа, а потоа објавила фотка од сетот.

Инаку, „Бренда“ дијагноза рак на дојка добила пред две години. Својата борба со ракот ја споделила со пријателите кои и биле голема поддршка.

Актерката минатата година била на отстранување на дојката и хемотерапии. За тоа што добила рак го обвинила својот менаџер кој не водел доволно грижа за нејзиното здравствено осигурување.

Таа редовно одела на прегледи, но во еден момент тоа било невозможно бидејќи и било откажано осигурувањето. Се утврдило дека заболела токму во тој период.

Loading...