„Горна Република Македонија“?

Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон во вторник доаѓа во Скопје со цел да издејствува исчекор во разговорите за името, јави 24 Вести, повикувајќи се на дипломатски извори.

Ова ќе биде прва посета на Ештон на земјава во нејзиниот досегашен четиригодишен мандат на чело на европската дипломатија.

Дипломатски извори за телевизијата велат дека посетата е директно координирана и со официјален Вашингтон, а во Скопје доаѓа да издејствува исчекор во разговорите за името.

Ештон прво ќе престојува во Белград, поради што може да го помести престојот на Скопје за ден или два, но извори за 24 Вести велат дека нема сомнение оти посетата ќе биде фокусирана на динамиката на разговорите за името, особено во светло на последниот предлог на Нимиц, соопштен вчера во Њујорк.

„Горна Република Македонија“ според грчките медиуми е предлогот што Нимиц вчера го ставил на маса пред Јолевски и Василакис.

web counter
web counter

 

Powered by Spearhead Software Labs Joomla Facebook Like Button

   

За нас...

Импресум | Маркетинг | Контакти

Издавач : МЕДИАФАКС

Copyright © 2011 - 2014 Sky News - новинска агенција 

- политика за приватност :: услови за користење -

Вестите на интернет страницата на новинската агенција Sky може да се користат исклучиво за лично информирање.  

Site Meter.