Избрани 100-те најдобри доктори во земјава

Објавена листата на најдобро рангираните 100 доктори во јавните здравствени установи.

Според Министерството за здравство лекарите се избрани во согласност со критериумите од проектот за плаќање по успешност, со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на јавните здравствените установи.

100-те доктори се најдобро рангирани за месец февруари и според покажаните резултати во работењето тие претставуваат движечка сила во своите институции.

Наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, добиваат парична награда од 30.000 денари и истовремено имаат право на вршење дополнителна дејност во матичната институција каде работат, како и во останатите јавни здравствени установи.

web counter
web counter

 

Powered by Spearhead Software Labs Joomla Facebook Like Button

ХОРОСКОП

  

  

  

  

За нас...

Импресум | Маркетинг | Контакти

Издавач : МЕДИАФАКС

Copyright © 2011 - 2014 Sky News - новинска агенција 

- политика за приватност :: услови за користење -

Вестите на интернет страницата на новинската агенција Sky може да се користат исклучиво за лично информирање.  

Site Meter.