ЗА СИТЕ ПРИЛИКИ: Фета салата со краставици и ореви (ВИДЕО)

Совршената салата послужете ја со месо или едноставно намачкајте ја на леб или крекери и уживајте.

 

Прилогот од фета сирење, краставици, ореви, мајонез и павлака сигурно ќе ја надополни вашата трпеза во сите прилики! А вкусот е фантастичен!

Состојки:

2 средни краставици
1 кисела павлака
2 чешниња лук
100 гр мајонез
250 гр фета сирење
50 гр мелени ореви

Начин на подготовка:

Фета сирењето издробете го, додајте мајонез, павлака, ситно сечкан лук и мелени ореви.

Сè добро измешајте за смесата да се изедначи.

Краставиците излупете ги, но можете да оставите и малку зелен дел да бидат декоративни. Измешајте ги со мешавината од сирење и останати состојки.

Салатата најдобро е да отстои неколку часа, за краставиците да пуштат арома и сите состојки добро да се поврзат.

Loading...

JT Fixed Display