Намаз од чадена риба

Овој намаз може да послужи и како замена за оброк!

 

Состојки:

  • 250 гр чадена риба (пастрмка, скуша или лосос)
  • 100 гр крем сирење
  • 1 лажичка рендана кора од лимон
  • 2 лажици павлака
  • 1 лажичка сок од лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

Чадената риба исечкајте ја на мали парчиња, па со останатите состојки ставете ја во блендер и блендирајте до саканата густина.

Потоа посолете и побиберете по вкус.

Послужете на листови салата, со крекери или крцкаво пропржен леб.

На здравје!

Loading...

JT Fixed Display