Јадење без месо: Крокети со компир и сусам

Ако сметате дека не можете да замислите јадење без месо, пробајте ги овие крокети со компир и сусам... Ќе бидете воодушевени!

 

Состојки:

  • 500 гр компир
  • 200 гр брашно
  • 40 гр маргарин
  • 50 мл вода
  • сол
  • зачин
  • 150 гр растителен кашкавал
  • 200 гр сусам
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

Компирите излупете ги, исечете ги на коцки и сварете ги во посолена вода. Кога ќе бидат готови, исцедете ги и изгмечете ги во пире.

Додека компирите се топли додајте им зачин и маргарин. Кога масата малку ќе олади, измешајте брашно разматено во малку вода во која претходно се вареле компирите, па потоа замеете тесто.

Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на побрашнета површина обликувајте форми.

На секое парче ставете коцка растителен кашкавал и обликувајте топче, внимателно да тестото сосема го обвитка кашкавалот.

Крокетите извалкајте ги во сусам и пржете ги во длабоко масло. Испржените крокети вадете ги на хартиена крпа.

Послужете и уживајте!

Loading...