Најубавиот есенски пудинг од тиква, зачинет со цимет и ванила!

Есента е идеално време за тиква и идеално доба кога можете да ги искористите нејзините вредности. Освен што е лековита, тиквата е исклучително вкусна намирница од која се прават различни јадења.

 

Во оваа прилика ви донесуваме рецепт за најубавиот пудинг од тиква. Кога еднаш ќе го пробате, секогаш ќе барате чинија повеќе.

Состојки:

  • 350-400 гр пире од варена или печена тиква
  • 2 супени лажици брашно
  • 1 полна супена лажица мед
  • 3 дл оризово или овесно млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички цимет
  • половина лажичка мелен ѓумбир

Начин на подготовка:

Тиквата исечкајте ја на коцки. Сварете ја во вода и со миксер иситнете ја во пире.

Во пирето потоа додајте 2 лажици брашно, мед, млеко и сите зачини. Добро измешајте да не останат грутки.

Ставете ја смесата на слаб оган и мешајте додека не зоврие.

Кога пудингот ќе зоврие, оставете го да врие мешајќи уште минута-две, па ставете го во садови. Потоа ставете го во фрижидер на два часа целосно да се излади.

Од наведената количина ќе добиете 4 чинии или шолји пудинг.

Loading...

JT Fixed Display