Ослиќ во пикантен сос

Прелиен со пикантен сос, ослиќот е неверојатно вкусен...

 

Состојки:

  • 500 гр филети ослиќ
  • сол, бибер
  • 2 лажици брашно
  • 800 гр зготвен домат
  • 3 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица вино од ориз
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица чили сос
  • малку шеќер

Начин на подготовка:

Измијте ја и исушете ја рибата. Исечете ја на 4 парчиња и извалкајте ја во брашно. На жешка тава загрејте масло. Пржете ги филетите 4 минути од секоја страна. Извадете ги и оставете ги на топло.

Ситно исечкајте кромид и лук, па динстајте 1 минута на маслиново масло. Додајте домат, вино од ориз, соја и чили сос. Гответе 5 минути. Готовиот сос прелијте го преку пржените филети и послужете со ориз, зеленчук или тестенини.
На здравје!

Loading...