ОВОШНА ФАНТАЗИЈА: Неодолив колач со кокос и малини

Слатко уживање на кое нема да му одолеете...

 

Состојки за кора:

  1. 1 1/2 шолја лешници
  2. 1 лажица какао
  3. 2 лажици вода
  4. мед

Состојки за фил:

  • 1 1/2 шолји несолени индиски ореви
  • 1/2 шолја кокосово брашно
  • лимонов сок
  • 3 лажици јаворов сируп
  • 3/4 шолји кокосово масло
  • 2 шолји малини

Начин на подготовка:

Индиските ореви потопете ги во вода еден час. Во блендер сомелете лешници, додајте мед, какао и по потреба малку вода додека не добиете компактна смеса која можете да ја обликувате.

Смесата распоредете ја на дно на помал калап.
Индиските ореви измијте ги и ситно сомелете ги во блендер.

Измешајте кокос, лимонов сок, јаворов сируп и кокосово масло. Матете додека не добиете глатка смеса. Ставете шолја иситнете малини.

Излијте ја смесата преку подлогата во калапот и оставете ја преку ноќ додека добро не стегне.

Пред послужување, извадете го колачот од калапот и украсете го со останатите малини.

Уживајте!

спонзориран линк:
Loading...