Претворете го своето утринско кафе во најслатко задоволство

Се ближи викенд и време кога своето утринско кафе можете да го испиете во мир.

 

Време е да пробате нешто ново и својата омилена напивка да ја претворите во утринско смути.

Состојки:

  • 120 мл ледено кафе
  • 1 смрзната банана
  • 2 лажички какао прав
  • 2 лажички овесни снегулки
  • 2 лажички јаворов сируп

Сите состојки ставете ги во блендер и добро изблендирајте.

Уживајте!

 

спонзориран линк:
Loading...