Пијано органско пиле за 4 лица

Спој на традиционалните и модерните вкусови на вашата маса...

 

Состојки:

  • 1 пиле (околу 2.5 кг)
  • 300 гр шампињони
  • 150 гр врган
  • сушени смокви
  • 1 лажица маслиново масло
  • 4 праза
  • 1 јаболко
  • сол, бибер
  • 0.33 л пиво

Начин на подготовка:

За полнењето на пилето исечкајте праз и суви смокви на ситни парчиња. Јаболкото и шампињоните исечкајте ги на листови.

На маслиново масло пропржете праз, па додајте шампињони, врган, јаболко и на крај смокви. Динстајте неколку минути сè заедно, а потоа додајте малку коњак и сè фламбирајте.

Зачинете го пилето одвнатре и однадвор со маслиново масло, бибер и сол.

Пивото ставете го во мала тегла, затворете ја и на капачето со нож направете мали дупчиња.

Пилето наполнете го со претходно подготвеното полнење, а ставете ја и теглата. Затворете го пилето со чепкалки.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Печете го пилето час и 20 минути.

На секои десетина минути протресувајте го плехот за да се разлее пивото во внатрешноста на пилето.

Loading...

JW Player
JT Fixed Display