ГРАВЧЕ ТАВЧЕ ЗА ВЕЧЕРАТА НА БАДНИК - Еве и рецепт

 

Бадниково гравче тавче - Рецепт:

  • 750г. грав
  • две главици кромид (црвен)
  • масло (гравот треба обилно да биде залиен)
  • црвена пиперка
  • малку сол


Начин на подготовка

Белиот грав ставете го да се свари во водата. Исцедете го од првата вода и ставете го во другата вода на повторно варење.

Заедно со гравот ставете една глава црвен кромид кој ќе биде ситно исецкан.

 

Запршка:

Во посебен сад загрејте го маслото и накратко испржете го црвениот кромид.

На спржениот кромид додадете една лажица брашно, промешајте и пржете кратко, додадете и 1 лажица црвен пипер.

Отстранете ги пиперките од водата, и отстранете им ги семките и шишката.

Кога гравот е сварен додадете ја запршката.

Додајте бел лук, магдонос и пиперка.

Додадете сол и бибер по вкус и сето добро промешајте го
Вака подготвен грав се пече во рерна на 200 ° C околу 40 минути.

Уживајте.

Loading...