Еве како да направите посни бајадери со кокос (ВИДЕО)

Сите сакаме бајадери, а тие се идеални и за посни слави.

 

Ви пренесуваме рецепт за бајадери кои лесно се подготвуваат, а нема да ви биде потребна ниту посебна кулинарска вештина, туку само малку добра воља.

Состојки за темен дел:

  • 1 дл вода
  • 150 гр шеќер
  • 125 гр посен маргарин
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кафена лажица какао
  • 300 гр мелени посни бисквити

Состојки за светол дел:

  • 1 дл вода
  • 150 гр шеќер
  • 125 гр посен маргарин
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 гр мелени бисквити
  • 100 гр кокосово брашно

Начин на подготовка:

Сите состојки, за темниот дел, освен какао и бисквити, ставете ги во тенџере и гответе додека не се растопат. Веднаш тргнете го тенџерето од шпорет и оставете 5 минути да се излади. Потоа измешајте прво какао, па мелени бисквити. Оваа маса ставете ја на дно на калап или тепсија и порамнете. Ставете ја во фрижидер малку да стегне, околу 10 минути.

За темниот дел, повторете ја истата постапка како и кај претходниот фил, а на крај додајте само бисквити и кокос.

Овој светол дел премачкајте го преку темниот и оставете го во фрижидер да стегне околу 2-3 часа. Сечете парчиња, па по желба украсете со посно чоколадо или кокос.

спонзориран линк:
Loading...