Супа од кромид

Од изборот на сирењето ќе зависи и јачината на овој специјалитет на француската кујна.

 

Состојки:

  • 1 кг кромид
  • 2 лажици путер
  • 4 парчиња багет леб
  • 100 гр гауда сирење
  • сол
  • бибер
  • малку рендано мускатно оревче

Начин на подготовка:

Исечете го кромидот на тенки кругови. Загрејте го путерот и добро издинстајте го кромидот. Налијте вода, оставете да зоврие, намалете ја температурата и оставете да крчка поклопено околу 15 минути.
Во меѓувреме препечете ги парчињата багет леб. Изрендајте сирење. Загрејте ја рерната на 225 степени.

Посолете ја супата и побиберете ја по вкус. Додајте мускатно оревче и ставете ја супата во огноотпорни садови.
Во секоја чинија ставете парче препечен багет и од горе богато посипете со сирење. Запечете во рерна, така што сирењето ќе се растопи.

Сервирајте со зачинскибилки по избор.

Добар апетит!

Loading...

JT Fixed Display